Рижото со пилешко и сланина: Едноставно и традиционално италијанско јадење со одличен вкус


Рецептот за рижото со пилешко и сланина е еден од најдобрите, а ова познато италијанско јадење секогаш можете да го послужите.

Рижотото е познато италијанско јадење направено од ориз, путер, кромид и супа. Има безброј варијации, а ние ви пренесуваме рецепт за рижото со пилешко и сланина. Ова едноставно јадење брзо се подготвува, а на сите ќе им се допадне. Доколку сакате малку полесна варијанта, тогаш ви предлагаме да направите рижото со зеленчук.

Состојки:
2 чаши ориз
2 чаши чедар кашкавал (или друг кашкавал по избор)
4 парчиња сланина
140 гр подебела панцета
1 кромид
4 чешниња лук
1 лажичка сечкан или сушен рузмарин
1/2 чаша суво бело вино
4-5 чаши пилешка супа
350 гр бело месо

Подготовка:

На суво тавче пропржете ја ситно сечканата сланина, па додадете ја ситно сечканата панцета. Пржете до златно и крцкаво. Потоа извадете ја сланината и панцетата од тавата, додадете малку маслиново масло и пропржете го исечканиот кромид, посолете и побиберете и кога ќе омекне додадете го сечканиот лук. Потоа додадете го измиениот ориз, промешајте и додадете го сечканиот рузмарин. Пржете околу 2-3 минути, а потоа истурете го белото вино и варете додека не испари алкохолот. Постепено сипете ја супата, па мешајте додека не испари, прелијте повторно и така додека не се потроши се. Потоа додадете го ренданото сирење и вратете ги сланината и панцетата, па измешајте убаво да се соединат состојките. Потоа додадете го пилешкото исечено на коцки во рижото. Пилешкото згответе го или испечете го претходно.