Рита Ора во стилот на Леди Гага пристигна во Венеција
Венеција- Рита Ора имаше влез за паметење кога се појави на отворањето на 80-тиот филмски фестивал во Венеција. Таа им позираше на фотографите во мрежест комбинезон со виолетови туфни, светкави шорцеви (или можеби гаќички?) и долга бела бунда. Изгледа дека британската поп-ѕвезда, родена во Приштина, во последно време модната инспирација ја црпи од колешката Леди Гага, бидејќи вртоглавите платформи кои ги одбрала за оваа комбинација изгледаат како да се позајмени токму од нејзиниот плакар. Инаку, комбинацијата што ја носеше е дел од колекцијата на Нина Ричи.

32-годишната Ора изгледаше многу расположена додека крстареше по венецијанскиот канал, позирајќи им на фотографите на патот користејќи го чамецот како реквизит. Мавташе малку, малку се наведна, но сè на сè убаво се забавуваше и уживаше во вниманието што го добиваше. Како да не биде, кога во оваа предизвикувачка комбинација, која британските медиуми веќе ја фалат со сите ѕвона и свирежи, го привлече секое око. И додека некои критичари можеби тврдат дека таа малку претерала со оглед на настанот на кој се појавила, ретко кој ќе оспори колку сензационално изгледа пејачката.
Дури и во црн мрежест комбинезон, кој токму поради својата проѕирност не простува ни најмала несовршеност, Ора во него изгледа беспрекорно. Црната боја и вртоглаво високите потпетици во кои само малкумина можат да преземат сигурни чекори беа нејзините сојузници за издолжување на нејзината и онака витка линија. И додека самиот аутфит е сосема доволен за да привлече внимание, Рита реши да додаде очила за сонце со впечатлив дизајн и предимензионирани обетки во форма на црно срце за да и даде на оваа забележлива комбинација стилска точка на „i“. Лесната шминка и едноставната фризура беа полн погодок што малку го ублажија впечатокот и направија пејачката да изгледа одлично, дури и во оваа прилично смела комбинација која не може секој да ја носи.