Ристова од СДСМ и Меџити од ДУИ не гласаа за новата Влада
„И без нејзиното присуство сосема јасно беше дека имаме доволен број на пратеници за поддршка на Владата на нашиот лидер Димитар Ковачевски. На Ристова ѝ посакуваме со најдобро здравје да се врати во работата на парламентот“, велат од СДСМ.
Меџити беше присутен само во саботата кусо време по отворањето на седницата, а потоа не ја следеше расправата од пратеничките места.