Ристо Проданов е добитник на џип за кампување од „Скопско“
Наградната игра „Скопско за уживање. Награди за опуштање.“ траеше од 25 мај до 21 јуни и за прв пат се реализираше преку апликацијата „СКОПСКО “, каде што учесниците имаа шанса да освојат дневни, неделни и главна награда.
Среќниот добитник Ристо Проданов, беше извлечен во понеделникот и својата награда ја подигна во Пивара Скопје, во атмосфера што ја заокружи целата приказна на играта, уживање, заедништво и авантура:
“Чувството е неописливо. Не ми се веруваше, но сега видов дека е вистинa и реалност. На сите ви посакувам многу среќа – верувајте и уживајте во Скопско. Никогаш не знаете кога среќата ќе ви се насмее.”
Главната награда, џип за кампување со монтажен шатор, беше официјално доделена од генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

„Скопско не е само бренд и пиво, тоа е искуство што ги поврзува луѓето. Токму затоа не следиме трендови, туку создаваме моменти што остануваат, што се паметат и се делат со другите. Преку оваа наградна игра уште еднаш покажуваме дека сме таму каде што се создава вистинската радост, а секоја ваква награда е благодарност до оние што не избираат секој ден.
Денес не славиме само добитник, славиме доверба, заедништво и генерации што живеат со Скопско. Ристо е доказ дека приказната продолжува. Честитки и ти благодариме што заедно создаваме моменти што се паметат. „
Со својот нов џип за кампување, среќниот добитник добива можност за многу нови патувања и километри опуштање, низ дестинации во Македонија и пошироко.
Покрај главната награда, „СКОПСКО“додели и бројни награди за вистинско опуштање и забава како конзоли за играње, маси за фудбал, филмски сетови со проектор и машина за пуканки, сетови за скара и сетови за плажа.
„СКОПСКО“ им се заблагодарува на сите учесници и уште еднаш потсетува:
Скопско и сè е можно!
