Ристески: Никој во ВМРО не ветил дека ќе го поништи Преспанскиот договор и дека ќе го врати старото име


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески

Пратеникот Петар Ристески тврди дека функционерите од неговата партија не дошле на власт поради ветувањето за укинување на Преспанскиот договор. Тој тврди дека никој во ВМРО-ДПМНЕ не ветил дека ќе го поништи Договорот со Грција и дека ќе го врати старото уставно име.

-Никој никогаш пред граѓаните не го кажал тоа…Една изјава најдете од било кој функционер на ВМРО-ДПМНЕ каде што ова ќе го потврди. Една изјава најдете и јас ќе ви се извинам, рече Ристески во дебатната емисија „24 анализа“, во своето обраќање до портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.