Рики Мартин се разведува од Џван Џозеф по шест години брак и две деца
Поп-ѕвездата од Порторико Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Џозеф се разведуваат по 6 години брак.
„Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, објави парот во изјавата за People.
Рики и Џван ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.
Во 2008 година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.