Ријана тајно го роди вториот син


Поп-ѕвездата  Ријана тајно се породила на почетокот на месецот и родила момче, објавија денеска американските медиуми. Таа наводно се породила на 3 август во Лос Анџелес, пренесува TMZ.

Името на момчето се уште не е познато, но се знае дека ќе започнува со буквата Р. Ријана и раперот Асап Роки веќе имаат едно дете, момче по име Фенти- Мајерс, кое е родено на 13 мај 2022 година.

Ријана со семесјството позира за Вог, декември, 2022

Ријана откри дека е бремена по вторпат, за време на нејзиниот многу очекуван настап на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби, во февруари годинава.

„ Кога ќе станеш мајка, се случува нешто каде што се чувствувате како да можете да се соочите со светот. Може да направите сè, а „Супербоулот“ е една од најголемите сцени во светот. Колку и да беше страшно – бидејќи не сум била на сцена седум години, има нешто возбудливо во предизвикот на сето тоа. И за мене е важно да го направам ова. Оваа година е важна за мое претставување и важно е мојот син да го види тоа, образложи поп-ѕвездата и милијардерка.