Ријана го покажа седуммесечниот син Фенти- Мајерс на плажа
САД– Поп-ѕвездарта и милијардерка Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки за прв пат беа видени во јавност со нивниот седуммесечен син на плажа во Малибу каде правеа професионални фотографии.

Пејачката носеше црн фустан со шлиц, раперот кожен елек и широки панталони, а нивниот син, кој се вика Фенти-Мајерс, беше дотеран во црни шорцеви, но беше завиткан во ќебе.
Пејачката вчера за прв пат во видео на ТикТок покажа како изгледа малиот Фенти. Видеото ги воодушеви нејзините следбеници.
Ријана неодамна ѝ се врати на музичката кариера по шест години пауза.