Револуција во женскиот фудбал: Французинката стана најскап женски играч на сите времиња


Бурниот летен преоден рок во женската игра најави продолжување на поместувањето на границите кога станува збор за вредноста на трансферите, а нов рекорд беше поставен со трансферот на француската репрезентативка Грејс Гејоро од ПСЖ во Лондон Сити Лајонес.

Пред два месеци беше соборен рекордот од 1,15 милиони евра за надомест на фудбалерка. Тоа го направи Арсенал кога ја купи Канаѓанката Оливија Смит од Ливерпул. Во меѓувреме, тоа стана четвртиот најскап трансфер, а новата рекордерка е Грејс Гејоро.

Лондон Сити Лајонесс му плати на ПСЖ 1,65 милиони евра за нејзините услуги, а во тековниот преоден рок беа реализирани пет од седумте најголеми трансфери на сите времиња.

Гејоро е долгогодишен член на француската репрезентација. Од 2017 година, фудбалерката од средниот ред одигра 103 натпревари за француската репрезентација и постигна 23 гола.
Таа ја започна својата сениорска кариера во ПСЖ во 2014 година, а со клубот освои една титула, три купа и две финалиња во Лигата на шампионите.