Републикански сенатор се огради од Трамп
Републиканскиот сенатор Мајк Левин, инаку сопартиец на Доналд Трамп, објави текст на свој избирач, во кој таа предупредува дека проблемот е во нас, а не во лидерите што сакаат да не дехуманизираат, оценувајќи ја практично ситуацијата во САД. Со постот тој практично се огради од политиката и однесувањето на претседателот на САД.
„Најголемата опасност не е еден лидер, туку колективното морално отстапување – човечкиот капацитет за дехуманизација кога нормите се уриваат. Водачите не ја измислуваат оваа темнина; тие ја отклучуваат. Ние не сме невини набљудувачи. Историјата покажува каде води дехуманизацијата – не преку осамени тирани, туку преку обични луѓе кои се навикнуваат на ерозијата на пристојноста“, пишува таа за „Хафингтон Пост“.
Споиред неа, ова лежерно прифаќање на суровоста – и подготвеноста да се сврти погледот додека се акумулираат акти на заплашување, принуда и беззаконие – открива нешто подлабоко. Навредата „Замолчи, свинче“ што и ја упати трамп на една новинарка покажува според неа дека малтретирањето е прифатливо, ранливоста е срамна, интелектот е непожелен и силата – а не дијалогот – е валутата на јавниот живот.
„Тоа не е минлива навреда, туку аларм, кој одекнува против бариерите што јас ги поминав во мојата кариера обидувајќи се да ги надминам“, напиша таа.