Реката Сава во Загреб се излеа од коритото
Поради големите врнежи, реката Сава во Загреб, Хрватска, утрово се излеа од коритото.
Во Загреб до утрово наврнале околу 50 литри дожд на метар квадратен.
И денеска се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а на околните планини засилен. Температурата на воздухот од 9 до 13°С, пишува ДХМЗ.