Река: На 5 мај излезете масовно на гласање, за да го спасите евроатланскиот процес


Кандидатот за претседател Блерим Река, кој е поддржан од „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ на Касами, повика на масовен одзив на гласањето во недела на 5 мај. Тој ги повика граѓаните да излезат и да гласаат за, како што вели, да го сочуваат евро-атлантскиот процес на земјата.

„Почитувајќи ги вашите гласови, уште ендаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Еуро-Атланскиот процес„ вели Река.