Рејкјавик прогласен за најдобар крајбрежен град на светот, во топ 10 се најдоа и два града од ексЈугославија
Компанијата за крстарења „Fred. Olsen Cruise Lines“ спровела истражување во кое биле вклучени 117 крајбрежни градови ширум светот, а истите се рангирани според параметри како што се квалитетот на културните атракции, бројот на места на листата на светско наследство на УНЕСКО, популарноста на „Google“ и количината на хаштагови на социјалните мрежи, пренесува „TimeOut“.
Целта на истражувањето била да се пронајдат градови кои не се целосно изолирани и во кои има доволно содржини, а во нив да можете да одморите и да сте во близина на море. На првото место се најде Рејкјавик, а по него следи белгискиот Бриж, кој се најде на листата благодарение на својот канал преку кој се стигнува до морето, и покрај тоа што е оддалечен 11 километри од брегот.
На третото место се наоѓа Неапол, италијански град познат по големиот број атракции – од Везув и Кралската палата до театарот Сан Карло, а по него следува Монако.
Хрватскиот Сплит се најде на петтото место, а зад него се сместени Херцег Нови (Црна Гора), Амстердам (Холандија), Кејптаун (Јужна Африка), Даблин (Ирска) и Гибралтар (Гибралтар).