Реџина Кинг освои Златен глобус со стилот: Хибриден црвен килим на наградите (галерија)
САД– За првите виртуелни Златни глобуси, Реџина Кинг го избра Луј Витон. Оскаровката, номинирана синоќа за режија на „Една ноќ во Мајами“, носеше асиметрична тоалета од црна свила. Тоалетата се шиеше 350 часа , вклучувајќи 20.000 сребрени светки, 12.000 златни светки и 8.000 црни светки.

Повеќе од 1.200 кристали потоа беа извезени на врвот на оригиналното дело со светки. Изглед кој одговара на една кралица.

Годинава, Црвениот килим на Златниот глобус беше хибриден: дел од ѕвездите беа лично на доделувањето во Беверли Хилтон во Лос Анџелес, а дел се вклучуваа од дома или од други локации.









