Редок метеоролошки феномен над Медитеранот – aко зајакне, на Грција ѝ се заканува ураган
Станува збор за метеоролошката појава медикан, или медитерански ураган, овој пат наречен Касилда
Над јужниот дел на Средоземното море се формира потенцијален редок метеоролошки феномен, кој според моменталните сателитски снимки се приближува до Јонското Море. Тоа е метеоролошки систем медикан, или медитерански тропски ураган за сега наречен Касилда.
Иако е многу редок, овој метеоролошки феномен на Медитеранот во периодот од 1948 до 2011 година е забележан саамо 99 пати. Имено, медикан не се појавува често поради многу неповолните услови за негово формирање – морето не е доволно топло, нема доволно влага, а Средоземното Море е премало за да се развие акво нешто, пишува ИстраМет.
Spectacular satellite image of a developing #medicane in the southern Mediterranean today! Stay tuned for more details this evening. Image: @windy pic.twitter.com/Zsa4sJhy3W
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) September 16, 2020
— Mediterranean Cyclone Centre (@Medicane_Centre) September 16, 2020
Сепак, кога ќе се појави, проследен е со силен ветер, обилни врнежи од дожд, пијавици и торнада, што обично резултира со голема материјална штета. Неговото движење е многу тешко да се предвиди, но метеоролозите за сега предвидуваат дека Касилда може да го погоди западниот брег на Грција ноќта меѓу четврток и петок, пренесеува Дневник.хр.
Severe Medistorm #Cassilda Advisory 4: Cassilda strengthening over Central Mediterranean, expected to make landfall in Greece on Friday Morning. Current sustained winds are 75 km/h (45 mph), and the current pressure is 1005 millibars. #medicane #MedicaneCassilda pic.twitter.com/3fDC3Gdhhs
— Mediterranean Cyclone Centre (@Medicane_Centre) September 16, 2020
Според некои прогнози кои ги дава severe-weather.eu, во центарот на овој ураган, доколку се развие во следните 24 до 48 часа, ветровите може да достигнат брзина од 225 км на час! Тие заклучуваат дека медиканот Касилда има потенцијал да се развие југоисточно од Сицилија вечерва и да започне да се зајакнува на патот кон Јонското Море.
Severe Medistorm #Cassilda Adivsory 6: Cassilda continues to strengthen, expected to make landfall in Greece on Friday morning. Pressure down to 1001 millibars. Winds up to 80 km/h (50 mph), and model estimated intensities continue to increase. May be >75mph at landfall. pic.twitter.com/kXcn442QF5
— Mediterranean Cyclone Centre (@Medicane_Centre) September 16, 2020