Речиси 8.000 новозаразени во Русија, починаа 99 пациенти


Бројот на заразени со корона вирус во русија зголемен е за 7.867, а бројот на смртни случаи за 99, пренесе новинската агенција Тас.

Со новитр заболени вкупно во Русија досега заразени беа 1.151.438.

Од почетокот на епидемијата, Ковид-19 доведе до смртен исход кај 20.324 Руси, односно 1,77 отсто од заразаните.

Оздравеле 3.068 пациенти, или вкупно 943.218. Процентот на излечени е 81,9 отсто.

На лекување од Ковид-19 во Русија во моментот се 187.896 пациенти.