Реал го победи Атлетико за финале со Барса
Финалето на Шпанскиот Суперкуп, кое ќе се игра во Џеда, а силите ќе ги одмерат Барселона и Реал Мадрид.
Откако Барселона го победи Атлетик Билбао со 5-0 во средата, Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 2-1 во четвртокот.
Валверде (2) и Родриго (55) му донесоа водство на Реал од 2-0 пред Сорлот (59) да го ублажи поразот на Атлетико. Финалето е закажано за недела (20 часот).