Разрешениот по барање на Брисел Богојески ќе предава на Воена академија
Неодамна разрешениот по барање на Брисел директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, денеска на социјалните мрежи објави дека ќе стане дел од наставниот кадар на Воената академија „Михајло Апостолски“.
„ Почитувани граѓани,
Со особено задоволство и почит кон вас, Ве известувам дека денес бев избран во наставно – научно звање од страна на ННС на Воена Академија – Скопје.
Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција!
Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите Нации, ЊуЈорк, САД.
Се гледаме наскоро и во служба на народот…
Со почит,
д-р Богојески “– стои во објавата на Фејсбук.
Богојески си заминува од позицијата директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност по директива од Брисел, по нецели три месеци. Инфомакс уште пред неколку недели доби информации дека до Министерството за образование и наука и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност едека имаат рок од 30 дена да исполнат низа таксативно наброени услови доколку не сакаат суспензија или целосно затворање на агенцијата во Македонија и прекин на поддршката од Брисел.
Меѓу условите е и промена на директорот, Петар Богојески, кој соопшти дека поради „надградбата на коалицискиор договор“ си заминува од таа позиција.
Како што дознава Инфомакс на 25 мај во МОН добиле писмо од Европска комисија, дека имаат 30 дена рок за агенцијата да не добие суспензија да ги спроведе корективните мерки, покрај забелешката за промена на директорот, од Брисел не се задоволни и дека не е покренат случај за злоупотреба на 2,2 милиони, пари кои се испумпувани пари од повеќе училишта преку една организација, стар случај за кој веќе има кривична пријава.
Медиумите претходно во 2024 година пишуваа за поврат на 2,2 милиони евра кој ќе треба да го изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“.
Договорот Мицковски Богојевски да го напушти директорското место во Еразмус бидејки бил поставен без консултација со Брисел од причини дека тоа се европски пари денеска со известување на наставно научниот совет на Воената Академија со препорака на министерот Мисајловски почнува да се реализира.
Уште недоседнат во функционерската фотелја Богојески во изминатиов период продолжи со недоличните навредливи коментари кон одредени луѓе.
За недоличната комуникација на Богојески Мрежата за заштита од дискриминација побара повлекување на одлуката за негово именување за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради изјавите со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности.
Делегацијата на ЕУ во нашата земја во одговор на прашање на порталот медиумот „Портабл“ наведоа дека ја забележале, како што велат, „значајната загриженост на Европската комисија во врска со некои негови јавни активности и изјави“.