Разорувањето на Белград

Зад Вучиќ нема да остане ништо постаро од мандатот на Српската напредна странка: само „гордоста на нацијата“, поубав и постар Белград


Таму под Калемегдан, недалеку од самиот извор на „Улицата на цар Душан“, на бројот 10, беше заглавена сива еднокатна зграда од камен и тула. По ништо посебна, куќа со високо поткровје и пекара и стаклорезачки дуќан во приземјето – само една од илјадниците слични, поголеми или помали куќи вткаени во ткивото на Белград – неугледна куќа во Дорќол е сепак единствена во нешто: „Куќата на Флајшман“, така наречена според првиот сопственик Елијас Флајшман, советник во општинскиот совет од времето на австриската окупација на Белград – изградена во 1727 година како една од седумте типични градби според проектите на швајцарскиот инженер Никола Доксат де Морез, полковник на австриската армија и првиот белградски урбанист – тоа е најстарата зачувана зграда во цел Белград.

Најстарата преживеана куќа во Белград, накратко, не е стара ни три века: ние во Сплит – да се пошегувам малку бедно провинцијалски – таквите ги продаваме како новоградби: во историското јадро на Сплит, веројатно сѐ уште има и трафики постари од Флајшмановата куќа. Нашиот величествен стадион „Пољуд“, на пример, е едвај двесте години помлад од најстарата зачувана зграда во Белград! Нов Белград?! Па каде отиде Стар? Дури и оној величенствен бронзен деспот Стефан Лазаревиќ во Дорќол, ремек-дело на белградската романика, има едвај две и пол години!

Добро, разбравте, јас сум глупав. Фактот дека најстарата куќа во Белград е стара колку и просечниот стан во Сплит на Airbnb сведочи, всушност, за страшната судбина на српската метропола – ќе возвратат навредените белграѓани, извлекувајќи го најпознатиот факт од нивната историја, оној за четириесет и четирите разурнувања на Белград: уште отако римскиот Сингидунум на вливот на Сава и Дунав е освоен и разурнат од Готите во 378 година, Белград беше рушен, запален или срамнет со земја четириесет и три пати во следните шеснаесет века. Вклучувајќи го, се разбира, бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Тоа, ете, за релативно вообичаениот случај некој кој некогаш шеташе по живиот и раскошен Белград, да се запраша зошто тој град покрај ноќниот живот нема дневен живот, зошто ја нема убавината и шармот на другите европски метрополи, па покрај илјадниците автомати, обложувалници и аптеки, да има и некаков убав средновековен центар со романескни палати, готски камбанарии и ренесансни куќарки за сторија на Инстаграм: зошто, накратко, милионскиот град постар од Сплит нема ниту еден објект постар од триста години. Кога се знае зошто – а се знае – вистинско чудо е што куќата  Флајшмановата куќа воопшто преживеала: другите шест згради на Де Морез, на пример, не го преживеале турското освојување на Белград една деценија подоцна.

И што прават тогаш гордите белграѓани, навредени кога неуките провинцијалци од средновековни паланки ги зафркаваат? Седнуваат во багерот и тргнуваат да уриваат сè во нивниот град што е постаро од дваесет и првиот век. Па дури и дваесет и првиот век повеќе не е безбеден. Богами. Ако некој треба еднаш засекогаш да ја разурне и срамни со земја српската метропола, тогаш нека го направат тоа самите Срби. Ако не знаеме да работиме, знаеме да уриваме.

Крвавата и страшна историја на Белград ќе запамети дека сè започна ноќта на 25 април 2016 година, кога некои непознати градежници со фантомки на главите и палки во рацете седнаа во багери и срушија неколку приватни куќи на улицата „Херцеговачка“, во срцето на Савамала. Така – буквално преку ноќ, додека чесниот свет спие – започна последното, четириесет и петто уништување на Белград. Во следните години, Савското крајбрежје ќе биде темелно исчистено од сета историја и секое поединечно урбано сеќавање на Белград, а на тоа место ќе никне величествениот Belgrejd Voterfront, деформирана урбанистичка мутација од вонбрачната врска на арапските пари и српската памет.

Во сенката на монструозниот проект на брегот на Сава, малку помалку арапски инвеститори ја започнаа последната фаза на капиларно убивање и срамнување на градот, пред сè во Врачар, заспаниот остров на буржоаскиот и тивок Белград: откако со со години преку ноќ исчезнуваа старите, скромни едноспратници, последните остатоци од романтичниот предвоен град, а на нивно место како бетонски плевел никнуваа грозни генерички човечки магацини во боја на праска, сега на ред за уривање дојдоа посериозните градби, двокатни и трокатни класицистички палати и трошни вили на изумрената белградска аристократија, сукцесивно ослободени од бирократската споменичко-културна заштита и оставени на гладните багери на новите варвари. Врачар каков што познававте повеќе не постои: денес е тесна и тажна паланка од бетон-стакло-никел од влажните соништа на српската дијаспора од германските бауштели, онаква каква што сонуваа некаде во нивната родна јужна Србија и ја досунуваа среде Белград.

Деновиве пристојниот Белград се крена на нозе поради најновите инвестициски потфати, рушењето на цел блок Врачар меѓу плоштадот Славија и паркот Мањеж, каде што српскиот фудбалер од дијаспората Дејан Станковиќ наумил да изгради нешто што го нарече King’s Circle Residences, или како и да ги именува српската дијаспора своите влажни соништа, и плановите за проширување на „Белград на вода“ и конечна ликвидација на Белградскиот саем, со секогаш познатата сала 1 и прекрасната купола од сто и девет метри, некогаш најголемата во светот, па дури и денес – или барем некое време – најголемата купола на светот од пренапрегнат бетон.

Се уриваат Мањеж и Саемот?! Добро утро Белград, како спиеше? Сештосе случуваше претходната ноќ.

Во исто време кога слушнале за плановите со Kura’c Palac Residences и Белградскиот саем, заспаните белграѓани по цели седум години дознаа кој стоеше зад мистериозното ноќно уривање на Савамала. „Со гордост ви соопштувам: Јас бев човекот што ја донесов одлуката да дивите куќарки и да го изгради „Белград на вода“. Јас, негативно роден, татко на криминалци, брат на криминалец, злосторник и криминалец, фашист, радикалски измеќар. Јас!“, неодамна саркастично се пофали српскиот деспот Александар Вучиќ, истиот тој што во 2016 година јавно кажа дека нема поим кој ја срушил Савамала, нарекувајќи ги непознатите варвари, цитирам, „целосни идиоти“. „А целосните идиоти“, објасни деспотот Вучиќ седум години подоцна, „се тие што не ме послушаа, па среде бел ден срушија сѐ, наместо да ме повикаат јас да возам булдожер, да срушам сѐ и да направам град во град и гордост на нацијата!“

За тоа време, историјата гледа како Вучиќ се перчи, со тешкотија да се спротивстави на впечатокот дека го видела некаде претходно. И навистина, таа се сети. Тој беше тој: влета во градот со амбиција да ги суспендира сите државни институции, да ја елиминира опозицијата и да ја концентрира целата политичка моќ во свои раце, и на крајот на краиштата да изгради нов Град како споменик на неговата слава, со прекрасна Златна палата и триесетметарска статуа за себе. Да, веќе немаше никаков сомнеж. „Со гордост ви соопштувам: Јас сум човекот кој ја донесе одлуката да ја урне дивите куќарки и да се гради Златната палата! Јас, негативно роден, последниот потомок на јулијанско-клаудиската лоза, син на криминалецот Гнеј Домитиус, внук на криминалецот Клаудиј, злосторник и криминалец, јас!“, исто така се перчеше Луциј Домитиј, попознат во историјата како Нерон, римскиот деспот кој го суспендираше Сенатот, ја елиминираше опозицијата и приграби апсолутна власт, па во намерата да го изградиме величествениот Domus Aurea – нешто како Рим на вода – нареди да се запалат сиротинските куќарки во Тибермала изгореа и урна половина од Вечниот град, потоа гледајќи го величествениот оган и свирејќи го на лира познатиот епски евергрин „Илиуперсис“, односно „Разорување на Белград“.

Да, пардон, „Разорувањето на Троја“.

По Луциј Домитиј, како што знаеме, сепак во Рим останаа некои куќи и згради. Зад Нерон Вучиќ, пак, – да ја скратам историјата на Белград – нема да остане ништо постаро од мандатот на Српската напредна странка: само „гордоста на нацијата“, поубав и постар Белград. Што и да значи „поубаво“, а што и „постаро“. Четириесет и петтото уништување на Белград, сега е извесно, нема да биде несмасно како претходните четириесет и четири, во кои дури и дотраените згради на австриските урбанисти останаа поради несфатливата негрижа на освојувачите. Денес – или барем уште некое време – трошната куќа на австрискиот урбанист на „Улицата на цара Душан“ бр. 10 не е само потсетување на мрачните времиња кога со Белград владееше туѓинец, туку и потсетник на мрачното доба кога во Белград владееше урбанизам.

Никогаш повеќе да не се повтори.

(Борис Дежуловиќ е хрватски новинар. Текстот е објавен во хрватскиот магазин „Новости“.)