Расте бројот на загинати во Јапонија – тлото поместено за еден метар

Засега билансот е 48 загинати, но се очекува бројот да расне затоа што спасувачките екипи не можат да стигнат секаде кае има разурнати домови


 

Во силниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на Нова година загинаа најмалку 48 луѓе, а потрагата по преживеани под урнатините продолжува. Најмалку 45 илјади домови се без струја.

Сè уште не се познати обемот на штетата и бројот на жртвите ден по земјотресот.

Силен земјотрес ја погоди во понеделникот централна Јапонија, уништувајќи згради, прекинато е напојувањто на десетици илјади домови што ги принудуи ги жителите на некои крајбрежни области да се засолнат на повисоките места. Земјотресот со јачина од 7,6 степени предизвика бранови високи околу еден метар долж западниот брег на Јапонија и бреговите на соседна Јужна Кореја.

Спасувачките тимови се борат да стигнат до изолираните области каде што се урнаа згради, уништени патишта и десетици илјади домови без струја.

Бројот на загинати во Јапонија се искачи на 48, потврди јапонската управа за управување со катастрофи.

 

Бројот може дополнително да се зголеми бидејќи спасувачките напори продолжуваат, рекоа официјални лица. 

Тешко до најпогодената област
Илјадници лица воен персонал, пожарникари и полицајци од целата земја беа испратени во најпогодената област на полуостровот Ното во префектурата Ишикава.

Сепак, спасувачките напори се отежнати поради тешко оштетените и блокирани патишта, а властите велат дека е тешко да се процени целосниот обем на штетата.

Многу железнички линии, фериботи и летови до областа се суспендирани. Аеродромот Ното е затворен поради оштетување на пистата, терминалот и пристапните патишта.

 

„Потрагата и спасувањето на погодените од земјотресот е трка со времето“, рече премиерот Фумио Кишида за време на итниот состанок за катастрофата во вторникот.

Кишида рече дека е многу тешко за спасувачите да стигнат до северниот врв на полуостровот Ното поради уништените патишта и дека потрагата со хеликоптер открила многу пожари и голема штета на зградите и инфраструктурата.

Пожарникарите се борат со пожарите во неколку градови и се обидуваат да ослободат повеќе луѓе затрупани во урнати згради, соопшти јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.

Локалните власти веруваат дека вчерашниот земјотрес можеби го поместил тлото во регионот Ното до 1,3 метри на запад.

Во градот Анамизу е измерено поместување кон запад од околу еден метар, а во градот Сузу од 80 см.

Поместување е забележано и во градовите Нанао, Тојама, Ниигата и регионот Канто-Кошин.

Ова се прелиминарни податоци кои допрва треба да бидат официјално потврдени.