Ралф Лорен се врати на Модната недела во Њујорк, ова се ѕвездите од првиот ред


Њујорк– По четири години отсуство Ралф Лорен се врати на модната Њујоршка сцена со колекцијата пролет/лето 2024. Враќањето во родниот град го најави со колекција која на некој начин го реинтерпретира американскиот сон.

Легендарниот дизајнер оживеа некои од познатите парчиња од својата архива, облагородувајќи ги со модерни елементи.

Сценографијата потсетуваше на неговиот дом, со многу дрво, бели столчиња, впечатливи лустери, рамки од слики и свеќи.

Ready to Wear линијата стави фокус на џинсот во гламурозна верзија декориран со скапоцени камења, чипка и флорални мотиви.

Лорен, овојпат, го замисли вечерниот стајлинг со златни, металик елементи, реси и деликатна свила.

Модното шоу го затвори една од првите супермодели, легендарната Кристи Тарлингтон облечена во величенствен златен фустан како божица.

Меѓу гостите кои будно ја следеа ревијата беа Џенифер Лопез, Џулиен Мур, Џејмс Марсден, Аманда Сејфрид и други.