Радев: Овој пат треба да се избере влада на Бугарија


Дали ова е политика на старата или новата бугарска влада, или на претседателот Румен Радев

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на влезот во Националното собрание изрази убедување дека овој пат парламентарните партии треба да формираат функционална влада.

Бугарскиот претседател влезе во Националното собрание за свечената конститутивна седница на 46-от парламент, само неколку минути пред нејзиното почнување, заедно со потпретседателката Илиана Јотова.

-Задачите и пораките се исти, како и пред три месеци, додаде тој.

Бугарија не може да си дозволи да губи историско време, мора да имаме кабинет со широка парламентарна и јавна поддршка, нагласи бугарскиот претседател.

Откако ќе се конституира новото Национално собрание, Радев ќе почне процедура за политички консултации.

Највозрасната пратеничка во новиот бугарски Парламент, Мика Зајкова, ја отвори прва седница. Нардоните претставници во новото 46-то Национално собрание се заколнаа дека ќе се придржуваат до Уставот и законите на Бугарија.

Тошко Јорданов, заменик претседател на „Има таков народ“, партијата која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори од 11 јули, на отворањето коментираше дека следните 14 дена ќе бидат клучни за судбината на новиот парламент и дали потоа Бугарија ќе добие нова влада.

Даниела Атанасова од втората политичка партија во парламентот, ГЕРБ, ја критикуваше привремената влада за неуспехот да се вакцинира бугарскиот народ. ГЕРБ нема да поддржува влада што ќе работи со „пловечки мнозинства“, бидејќи тоа нема да доведе до стабилно управување.

Претседателот на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, рече дека земјата се соочува со четири предизвици. Првиот е слабиот од одзив на изборите, вториот е потребата од дијалог за надминување на поделбата во општеството, третиот е формирање стабилна влада и рече дека БСП е подготвена да го исполни мандатот доколку го добие од претседателот на Бугарија и четвртиот предизвик е да се укине моделот на владеење на Борисов.

-Ќе има преговори меѓу партиите на промените, што го имаат имаат правото и одговорноста да формираат влада, за БНТ искоментира Маја Манолова, лидерката на “Исправи се БГ. Ние доаѓаме”.

 Манолова инсистира овие разговори да бидат јавни, пред бугарските граѓани.Таа коментираше дека дека нема да се водат разговори со „Движењето за права и слободи“ и со ГЕРБ.Манолова објасни дека ја сфатиле волјата на бугарскиот електорат, дека народот сака протестните партии да се обединат и да формираат чесна влада, што ќе спроведе длабоки реформи и ќе ја изнесе Бугарија од стагнација и владеењето на Борисов.

Почетокот на работата на новоизбраниот парламент се случи во присуство на верски лидери, поранешни бугарски претседатели, членови на судството и странски амбасадори акредитирани во Софија.