Путин: Руските ракети „Орешник“ може да бидат распоредени во Белорусија во втората половина на 2025 година


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва може да распореди балистички ракети со среден дострел „Орешник“ во Белорусија во втората половина на 2025 година, јавија светските агенции, цитирајќи руски државни медиуми.

Путин одговори на барањето на белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на самитот во Минск. Тој рече дека Белорусија ќе ги одреди целите на ракетите „Орешник“ распоредени во земјата.

Русија минатиот месец истрела ракети „Орешник“ врз украински град. Путин рече дека тоа е прво тестирање на оружјето во борбени услови.