Путин понуди САД да купи хиперсонично оружје од Русија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека му понудил на својот колега Доналд Трамп можност да набави најново оружје од Русија, вклучително и хиперсонично.
На пленарната седница на петтиот Источен економски форум (ЕЕФ), Путин рече дека на последниот состанок со американските партнери во Осака, Јапонија, било „поставено прашањето како да се земат предвид современото руско оружје, вклучително и хиперсонични ракетни системи, во заеднички договори, имајќи предвид дека ниту една земја во светот сега не го поседува ова оружје, вклучително и САД“.
– Му реков на Доналд: Ако сакаш можеме да продадеме нешто од оружјето и на овој начин се ќе изедначиме. Но, за волја на вистината, тие велат дека наскоро ќе го произведат сами. Веројатно е така, но зошто да се губат пари кога веќе ги потрошивме и можеме да добиеме нешто назад, без притоа да и наштетиме на безбедноста, веќе создадовме рамнотежа, рече Путин.