Путин и Макрон за соработка во борбата против Ковид-19
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон во врска со прашањата за соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва Кремљ.
Како што се наведува, во разговорот е потврдена намерата да се развијат контакти меѓу релевантни организации од двете земји во врска со производство на вакцина и имунизација на населението.
Путин, меѓу другото, со задоцнување му го честитал роденденот на Макрон и му посакал брзо закрепнување од коронавирусот.
Двајцата лидери се осврнале и на ситуацијата во Украина, Нагорно-Карабах, Иран, Сирија и Либија.