Пуштен во употреба системот за фекална канализација во месноста Плац во општина Илинден

Денеска беше пуштен во употреба системот за фекална канализација во месноста Плац, во Општина Илинден.️
Со реализација на овој проект конечно после долг период жителите од влезот на Илинден ќе добијат систем за фекална канализација, со што ќе се реши нивниот голем проблем со постојаните поплавувања на нивните дворови и објекти, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
„Поради комплексноста на проектот поради тоа што е најниска точка во Илинден , извршено е и тестирање на системот пред целосното пуштање во употреба. Со градежните активности на терен се изведе линија во вкупна должина од 3800 метри фекална канализација, исто така се изградија и два препумпни уреди, при што овој колекторски систем се спои со потисен цевковод со веќе изградениот колекторски систем Илинден-Марино кој е во должина од 5 км“, вели Георгиевски.
Тој додава дека со фекална канализација се опфатени дел од улица „2“, улица „4“, дел од улица „6“, како и улиците „26“, „28“ и „30“ и дека дополнително, се остава простор во наредниот период да се догради останатиот дел од фекалната канализација за останатиот ден од улица „6“ и улица „1“.
„Фекалната канализација и препумпните уреди се предадоа во употреба на ЈКП „Водовод“ – Илинден, кој во наредниот период ќе врши приклучоци за домаќинствата на системот, посочи градоначалникот.