Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео)

Напаѓачот е елиминиран, центарот на Прага е блокиран, Чешка во целосен шок. Студентите се криеле и забрикадирале каде што ќе можат


Бегство од срелецот на симсовите на горните спратови на Филозофскиот факултет

 

Чешката полиција соопшти дека 10 луѓе се убиени и повредени во пукање во Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во центарот на Прага. Уште девет лица се тешко повредени, а десетина други полесно. Напаѓачот е убиен и со него бројот на загинати е 11.

Инцидентот се случил на Филозофскиот факултет кој е веднаш до Карловиот мост на плоштадот „Јан Палах“.

„Стрелецот е елиминиран! Целата зграда моментално се евакуира и на местото има неколку загинати и десетици повредени“, соопшти полицијата на мрежата Икс.

Според градоначалникот Бохуслав Свобода, напаѓачот паднал од зградата и починал, според непотврдени сведоштва на мрежите, тој прво се застрелал. Полицијата сѐ уште не го прецизирала начинот на отстранување.

Полицијата изјави дека тој дејствувал сам, немал соработници.

Таму е министерот за внатрешни работи Вит Ракушан. „Ги повикувам граѓаните да не одат на местото да гледаат. Сакам да ја уверам јавноста, стрелецот е елиминиран, друг напаѓач не е потврден“, рече тој во интервју за Чешката телевизија.

Според достапните фотографии, по ходникот на факултетот се движел маж со долго огнено оружје. Други слики покажаа луѓе како трчаат од зградата со кренати раце.

Студентите забарикадирани внатре во факултетот опишаа дека виделе како паѓа девојка која сакала да се спаси слегувајќи од балконот; дури и тоа сè уште не може да се потврди.

Спасувачката служба го активирала таканаречениот план за траума. Сведоците напишаа на социјалните мрежи дека имало „многу пукање“.

Снимка од стрелецот кој бил на покривот од факултетот пред да биде елиминиран

„Ги повикуваме граѓаните да не престојуваат во непосредна близина и да не излегуваат од дома. Интервенцијата на полицијата сѐ уште продолжува“, додаваат полициските службеници.

„Млада фронта“ јавува дека полицијата ги повикала сите расположливи патроли од прва линија и засилувања од другите региони на местото на настанот во центарот на Прага. Случајот е пријавен како „пукање од луд вооружен маж“.

Се вели дека напаѓачот бил на 4 кат, на вработените им е испратена електронска пошта да останат во канцелариите и да ги изгаснат светлата, да ги заклучат и да ги забарикадираат вратите.

„Отсекогаш сме мислеле дека тоа е работа што не ја засега Европа и нас, дека тоа е работа што се случува во САД затоа што таму речиси сите се вооружени“, изјави градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода. „За жал, сега се чини дека имаме и проблем со индивидуален стрелец чии причини за тоа што го направи не се сосема јасни“, рече Свобода.

За време на пукањето на факултетот, градоначалникот Свобода бил во резиденцијата, односно во зградата до градското собрание, во непосредна близина на местото на пукањето.

„Полицијата всушност нѐ затвори овде, не ни дозволија да ја напуштиме оваа област“, ​​рече градоначалникот во интервју за Чешката телевизија веднаш по пукањето.

„Тоа е трагедија што се случува во современиот свет. Најлошото е што тоа се работи кои не можат превентивно да се решат“, рече Свобода.

Премиерот Петр Фијала, кој беше во посета на градот Оломоуц веднаш трганл назад кон Прага и ги повика граѓаните да ги почитуваат упатставата од полицијата. Тој соопшти дека пукањето било во Филозофскиот факултет.

Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот користел долго оружје со оптика.

„Се симнав на постојката Староместска неколку минути по три часот. Таму сретнав пријател и одеднаш дојде полиција. Тргнав во правец на улицата ‘Велеславинова’ и потоа слушнав пукање“, изјави за „Млада фронта“ еден од сведоците. Еден од полицајците им рекол на сведоците да се скријат.

„Не видов ништо, но мојот пријател седеше во трамвајот и виде луѓе на покривот на Филозофскиот факултет како се кријат таму“.

„Нѐ евакуираа сите, беше многу страшно, насекаде имаше полицајци со машинки. Ни викаа да трчаме надвор“, го опиша застрашувачкото искуство студентката Клара.

Учениците исто така споделуваа информации за ситуацијата заедно во заеднички разговори. „Бевме на четвртиот кат и само побегнавме од него“, им напишала една од студентките на своите пријатели.

„За малку избегнавме да нѐ застрела. Се плашам дека таму останаа и девојки од втора година“, одговори друга.

„Ние сме на третиот кат, каде што пукаше потоа. Се криевме. Потоа пукал во ходникот во близина на училницата и таму некој викал“, опиша друг од учениците.

„Седам под маса и ништо не знам“, и напишала студентката Елишка на својата пријателка.

„Тешко е да се поверува, но ние сме на удар во мирната Прага. Држев предавање на универзитетот кога во зградата пукаа, стаклото се тресеше. Потоа имаше многу викање. Според првите полициски извештаи, непознато лице отворило оган врз зградата на факултетот, има мртви и ранети“, објави на својата Фејсбук страница рускиот политиколог Сергеј Медведев, кој предава на факултетот.