Пукање пред болница во Париз, еден убиен, еден ранет


 

Попладнево се случи пукање пред една болница во Париз, Франција, при што убиено е едно лице, а уште еден човек е ранет.

Напаѓачот побегнал со мотор, јавува „Паризиен“.

Информацијата за нападот што се случил во 13.40 часот, ја објави АФП, повикувајќи се на извори блиски до полицијата. Две лица се ранети, од кои едниот починал од раните здобиени од куршумите. Двете лица биле веднаш внесени во болницата.

Нападот се случил пред болницата „Анри-Дунант“ во 17 париски арондисман, а се работи за болница во сопственост на Црвениот крст.

Полицијата отвори истрага, а се уште не е познат мотивот за нападот.