Пуч во Мали, војниците присилно ги однесоа претседателот и премиерот
Војниците во Мали, незадоволни од новата влада која најави преодна власт, присилно ги одведоа претседателот и премиерот денеска во воениот логор „Кати“, неколку километри од Бамако, во текот на воениот удар кој ја потресе земјата потоната во длабока криза.
„Претседателот и премиерот се овде во „Кати“ поради прашања кои се однесуваат на нив“, рече еден висок воен офицер, пренсе Франс прес. Еден неименуван владин функционер потврди дека шефовите на преодната извршна власт, претседателот Бах Ндањ и премиерот Моктар Оуане се одведени во „Кати“, предиште на воениот апарат на земјата.
Полковници пучисти
Таму, избраниот претседател Ибрахим Боубакара Кеито присилно го одведоа на 18 август 2020 година полковниците пучисти за да ја објават неговата оставка. Се чини дека истите полковници девет месеци подоцна повторно се во акција.
Нивните намери не се познати. Во 2012 година премиерот Модибо Диара, кого пошустите го уапсија, беше присилен на оставка.
Нешто порано предниот премиер рече дека војниците во понеделникот присилно фо одвеле претседателот Ндав.
„Потврдувам: по мене дојдоа луѓето на Гоита и ме доведоа до претседателот кој живее недалеку од мојата резиденција“, рече Оуане во краток телефонски разговор за Франс прес, алудирајќи на полковникот Асими Гоитаp, сегашен преоден потпретседател.