Првите слики од разорниот земјотрес во Јапонија; Цунамито веќе пристигна, сцените се застрашувачки (фото/видео)


Три лица се повредени во силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени што денес го погоди брегот на североисточна Јапонија, едно во префектурата Аомори кога се урна пат и две во Хокаидо поради падови.

Најмалку 2.700 домаќинства останаа без електрична енергија во префектурата Аомори, каде што избувнаа два пожара, објавува јапонската агенција Кјодо.

По првиот, силен земјотрес, имаше шест последователни потреси, од кои два беа посилни – 5,6 степени и 4,7 степени, а останатите беа под 4,0 степени по Рихтер.

Официјално е издадено предупредување за цунами за Хокаидо, Аомори и Ивате, со напомена дека се можни бранови до три метри.

Првото цунами е забележано во префектурата Ивате, било високо 70 сантиметри, пред да биде забележано во Хокаидо, цунами високо 50 сантиметри. Јапонската метеоролошка агенција предупредува дека повисоко цунами може да го достигне североисточниот брег подоцна.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на околу 84 километри од градот Хачинохе во североисточниот регион Хокаидо.

Земјотресот се случил на длабочина од 50 километри.