Прв регистриран случај на самоубиство на робот!; „Кружел во место, а потоа реши да се фрли по скалите“


Локалните медиуми во Јужна Кореја тагуваат по првото самоубиство на робот во земјата.

Тажната вест дојде преку соопштение за печатот од градскиот совет на Гуми во средата, објаснувајќи дека нивниот прв робот во функција на административен службеник се фрлил по скалите, пишува CNA.

Според досегашните информации, според CNA, тој престанал да дава знаци на „живот“ откако минатата недела паднал по скали на висина од два метри. Сведоците го видоа како кружи на едно место пред несреќата, но точната причина за несреќата сè уште се истражува, изјави претставник на градскиот совет за AFP.

Роботот помогал во секојдневното доставување документи, промоција на градот и доставување информации до локалното население. Според информациите на АФП, тие не планираат во скоро време да ја добијат неговата замена.

– Официјално беше дел од градското собрание, еден од нас. Работеше вредно – се присетија другите вработени.

Насловите во локалните медиуми загрижено шпекулираа за самоубиството на роботот, прашувајќи се дали работата можеби била претешка за него. Официјално стана дел од градското собрание во август 2023 година, пренесува CNA, како еден од првите роботи што се користат на овој начин. Работел од 9 до 18 часот и имал службена лична карта, заедно со можност за самостојно јавување во лифт.

Јужна Кореја е земја со најголема густина на роботи во однос на бројот на вработени. Според Меѓународната федерација за роботика, тие моментално имаат по еден индустриски робот на секои десет вработени, пренесува CNA.