Прв пат во историјата: Колосеумот ги отвори подземните простории за туристи


 

Посетителите на Колосеумот во Рим конечно ќе може во потполност да уживаат во истражување на подземните тунели и простории каде биле гладијаторите и животните кои се подготвувале за борба.

Делови од подземјето на римскиот Колосеум веќе беа отворени за јавноста, но по обновата, посетителите ќе можат да шетаат низ ходниците, во кои животните и гладијаторите чекале пред да влезат во арената.

Алфонсина Руни, директорка на Археолошкиот парк Колосеум, вели дека ова же им овозможи на луѓето подобро да разберат како работел Колосеумот некогаш.

„Оваа обнова апсолутно е важна за археолошките истражувања, затоа што ни овозможува да ја реконструираме историјата на Колосеумот“, вели таа.

Проектот за обнова изведен е во три главни фази, почнувајќи од темелно чистење однадвор, а потоа и на подземните подрачја. Мал дек од хипогејата отворен е за јавност во 2016 година. Главните работи на реставрацијата почнаа во 2018 година, но ги одложи паднемијата.

Цел тим стручњаци – археолози, реставратори, инженери и архтекти – работеа на тоа Колосеумот да го приближат со некогашниот сјај. Но, ова не е крај на работите во Колосеумот.

Министерството за култура на Италија ги објави плановите за изработка на древната арена која ќе ги прекрие хипогеите, а која ќе служи за концерти и други видови културни настани.