Протип на патики „Луј Витон“ дизајнирани од Вирџил Аблох на добротворна аукција
Англија– Сотби ќе понуди на аукција прототип на патики Луј Витон дизајнирани и потпишани од уметничкиот директор Вирџил Аблох за да собере средства за Глобалниот фонд за борба против сидата и влијанието на Ковид-19.
Како дел од континуираната соработка со Ред, непрофитната организација основана од Боно и Боби Шривер во 2006 година, Витон го донира единствениот пар I (Red) Trainer кој се очекува да достигне цена за време на аукцијата само на Интернет, помеѓу 30 000 и 40 000 УСД.
Наддавањето на прототипот, во стандардна машка големина 9 во Велика Британија, се отвора од понеделник до 4 март. Патиките ќе може да се видат со закажување во галериите на Сотби во Њујорк во овој период.
Зголемувајќи ја вредноста на патиките, страничната решетка на овој пар е црвена, подоцна е прилагодена на бела за вистинското производство на патиките, кои се појавија во продажба на 1 декември, по повод Светскиот ден на сидата. Целосните приходи од аукцијата на Сотби ќе бидат донирани на Глобалниот фонд.
-Како дизајнер, јас сум навистина горд што ја користам креативноста и дизајнот за да поттикнам позитивни промени “, рече Аблох во изјавата.

„Вирџил Аблох е еден од најнапредните и најиновативните уметници кои работат денес и тој трајно го трансформира пејзажот на дизајнот и уличната облека“, рече Брахм Вахтер, директор за развој на е-трговија во Сотби. „Ние сме исклучително возбудени да го претставиме овој специјален прототип за LV Trainer , потпишан од самиот Вирџил, особено за ваква важна цел“.
Сотби постави светски рекорд на аукција за кој било пар патики минатата година со продажба на Nike Air Jordan 1 со автограм на Мајкл Џордан од 1985 година за 560 000 американски долари. Во текот на партнерството со Ред од 2008 година, аукциската куќа собра речиси 80 милиони американски долари за борбата против сидата.(WWD)