Протече извештај на американските разузнавачи: Вухан, лабораторија, есен 2019?


Во извештајот на американската разузнавачка служба се наведува дека повеќе истражувачи на кинескиот Институт за вирусологија во Вухан заболеле уште во ноември 2019 година, пренесе Б92.

Во тој извештај се наведува дека луѓето се во болница, а новите детализ а интензитетот на симптомите кои се јавиле може да покренат нова расправа за потеклото на корона вирусот, укажуваат два извора запознати со документот.

Во извештај на Стејт департментот составен за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и објавен во јануари се наведува дека кинеските истражувачи се раболеле во есента 2019 година, но не се тврди дека биле во болница, пренесе Си=ен-ен.

Во извештајот кој официјален Пекинг го поднел до Светската здравствена организација, владата на Кина тврди дека првиот пациент со симптоми на Ковид-19 е откриен на 8 декември 2019 година во Вухан.

Сепак, американската разузнавачка служба не располага со доверливи податоци поради што биле хоспитализирани кинеските истражувачи. „На крајот, ништи дефинитивно не може да се заклучи“, баведуваат американските разузнавачи.

За потсетување, СЗО прати тим стручњаци во Вухан кој требаше да истражи од каде потекнува корона вирусот, како и една теорија дека тој настанал во една современа лавбораторија – Институтот за вирусологија во Вухан.

Тимот, меѓутоа, не донесе конечен заклучок за тоа.