Прослава на 18. роденден во Србија: Доби стан од дедо му, вила од баба му, автомобил од родителите


(Фото: принтскрин Тикток)

На интернет се рашири снимка од забава на 18. роденден во Србија.

„Од дедо ми – стан во Белград. Од баба ми – вила од 600 квадрати. Од моите родители – злато и скапа кола од 80.000 евра, која е донесена во самата сала. Добредојдовте на шокантната прослава на Ромите“, се наведува во видеото кое се шири на интернет.

Славеникот дошол во ресторанот со лимузина, а пред пристигнувањето со пријателите пиел шампањско.

На прославата дошол и кумот на младиот човек кој како што се гледа на видеото фрлал пари низ ресторанот. За гостите се подготвуваше многу храна, од слатка до солена.

По тортата, гостите му дадоа подароци на момчето. Гостите беа облечени во елегантна облека, а некои од неговите пријатели носеа нараквици од 7.000 евра и часовници од 18.000 евра. Конечно, за славеникот беше договорен огномет.

@bozic.uros

 

♬ original sound – bozicuros