Просечната кирија за студентска соба во Германија достигна рекордни 512 евра
Просечната месечна кирија за студентска соба во заеднички стан во Германија достигна рекордни 512 евра, што е зголемување од околу четири проценти во споредба со минатата година, според истражување објавено денес од Институтот Мозес Менделсон.
Институтот анализирал податоци од сите 89 универзитетски локации во Германија со повеќе од 5.000 студенти.
Највисоките цени се евидентирани во Баварија од 605 евра, Хамбург и Берлин од по 650 евра, додека цените се значително пониски во Саксонија-Анхалт од 358 евра и Саксонија од 372 евра.
Најскап град е Минхен, каде што во просек треба да се издвојат 800 евра за студентска соба, објавува Wirschaftsvohe.
Во Германија е сè потешко да се најде поевтино сместување, што особено ги погодува студентите и практикантите со ограничен буџет.
Институтот предупредува дека надоместокот за домување од 380 евра што студентите во Германија го добиваат од државата е недоволен за покривање на пазарните трошоци.
Побарувачката за прифатливи соби во заеднички стан е исклучително голема, а многу понуди се резервираат истиот ден, што им отежнува на студентите да најдат сместување, се наведува во анализата.