Пронајдено мртво тело на украински олигарх во англиска палата


Англија–  Телото за кое се верува дека е на олигархот со украинско потекло Михаил Ватфорд е пронајдено на имот во Сари, Англија, објави Тајмс.
Во соопштението испратено до Инсајдер, полицијата во Сари вели дека истрагата за околностите на смртта е во тек, но дека се уште не ја третираат како сомнителна.
Полицијата не можеше да го потврди идентитетот на починатиот маж. Според повеќе локални медиуми, се верува дека телото е Ватфорд.
Олигархот се збогатил со гас и нафта. Тој има купено повеќе скапи имоти низ Лондон и јужна Англија, вклучително и замок од 18 милиони фунти (24 милиони долари) во Сари, пишува Тајмс.
Неговата сомнителна смрт доаѓа откако западните земји воведоа серија санкции кон Русија како одговор на инвазијата на Украина, вклучително и мерки на заплена на имотот на најбогатите луѓе поврзани со Русија.
Соединетите Американски Држави неодамна санкционираа 10 руски олигарси со блиски врски со Путин, додека ЕУ во понеделникот додаде 26 имиња на списокот со санкции, вклучувајќи новинари, владини претставници и олигарси.
Британската влада се уште не објави целосна листа на санкционирани лица. Вотфорд не беше на постојната листа на поединци санкционирани од Британија и нема докази дека олигархот имал врски со Русија.