Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон


Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес.

Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле.

Потрагата по телата и можните преживеани продолжува.

Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката Потомак додека се обидувал да слета на националниот аеродром Роналд Реган во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.