Пронајден евтин начин пластичниот отпад да се претовори во гориво


 

Можеби на многумина не им е познато, но индустријата на рециклирање пластика не покажува преголем успех. Рециклирани се само 9 отсто од вкупно произведениот платичен отпад. Околу 12 отсто досега произведена пластика изгореле, а 79 отсто се уште се наоѓаат во нашите домови или во нашата околина.

Научниците токму затоа во последно време истражуваат може ли една од најчестите видови пластика, полиолефин, да се претвори во гориво.

„Еднократната пластика претставува огромна опасност за околината, а нејзината рециклажа се покажа како вистински предицвик, што особено важи за полиолефинот“, напишаа научниците од Универзитетот Делавер во новото истражување.

„Пронајдовме директна метода на селективно претворање на полиолефинот во течни горива, вклучувајќи ги дизелските и бензинските јагленоводороди“, додаваат.

Ефикасна и евтина метода

Ова не е прв пат научниците да успеат пластиката да ја претворат во гориво, но целта е со што помалку ресурси и трошоци поголема количина пластика да се претвори во што повеќе горива.

Најновата технологија успеа во тоа – се користи 50 отсто помалку енергија од сличните методи, пперира на температура вообичаена за кујнски печки и не успушта јаглерод диоксид во атмосферата, пишува Science Alert.

Науќниците користеле хемиска постапка на хидрокракирање за да ги разградат јаглеродните врски во пластиката. Притоа употребувале катализатор кој се состои од минералот зеолит и мешавина од метакни оксиди.

„Поединечно нема многу корист од овие два катализатори. Но, во комбинација стануваат магични, ја топат пластиката и зад себе не оставаат пластичен отпад“, вели инжињерот Дион Влахос од Универзитетот Делавер.

Истражувањет насловено Plastic waste to fuels by hydrocracking at mild conditions објавено се во магазинот Science Advances.