Промоција на песна и спот на актерката Александра Павлова – Бубања и „Пука Козметика“


Актерката Александра Павлова-Бубања ќе ја промовира првата песна и спот во Драмски театар.

Нумерата “Апсолутно Релативно” и спотот се направени во соработка со групата „Пука Козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а текстот на Александра Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.Видео материјалите и спотот се на „Октомври филм“, а пост-продукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт Продукција“.

Настанот ќе се одржи во вторник, 8 октомври во 20 часот во „Драмски бар“ , (бифето на Драмски театар Скопје)