Промоција на Националната кампања на ХЕРА „Во ист ритам“


 Националната кампања „Во ист ритам“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија ќе биде промовирана денеска во просториите на Европска куќа со почеток во 12 часот. 

Кампањата има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата. Особен фокус на кампањата се младите, и нивно поттикнување на младинско учество и младински активизам во сите демократски процеси кои се од нивен интерес. 

Кампањата треба да придонесе и кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Кампањата треба да придонесе кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.

На конференцијата за печат ќе биде промовирано и носечкото видео кое ќе биде емитувано на три национални и една локална телевизија.