Прогласена вонредна состојба во САД – Опасно е по живот, пристигнуваат урагани


Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа во која живеат повеќе од осум милиони луѓе.

Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесе Ројтерс.

„Неколку места објавија меѓу 18 и 20 инчи дожд од понеделникот“, рече Боб Оравек, синоптичар во Центарот за предвидување на времето во Колеџ Парк, Мериленд.

Тој додаде дека невремето полека се развива, и дека ќе трае до сабота наутро.

Не се очекува бурата да стане тропска бура, но прогнозите покажуваат дека следната сезона ќе има голем број урагани.

Меѓународниот аеродром во Мајами и меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд откажаа или одложија рекордни 1.200 летови во средата, а проблемите со воздушниот сообраќај се очекува да продолжат и во остатокот од работната недела, јавува Си-ен-ен.

Извештаите во медиумите и објавите на социјалните мрежи покажаа застојани автомобили и луѓе кои шетаат низ улиците покриени со вода до колковите или веслаат со мали чамци и кајаци.

Во некои области водата ги поплави тревниците и стигна до влезните врати на куќите и другите згради. Си-ен-ен јавува дека дождот е сè уште корисен поради сушите, кои зафаќаат половина од Флорида.