Прогласена вонредна состојба: „Дејствувајте брзо за да го заштитите вашиот живот“ (Видео)
Обилните врнежи по една недела со претежно постојани врнежи предизвикаа поројни поплави во Њујорк, прекинувајќи ја работата на метрото во најнаселениот град во САД.
Предупредувањето за поплави беше во сила во Њујорк до пладне по локално време, бидејќи на некои локации паднаа повеќе од два инчи дожд, а повеќе се очекуваат за неколку часа, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесе Ројтерс.
The alarming increase in heavy rains and severe flooding, as witnessed in the recent New York flooding, underscores the critical need for immediate action. Climate change amplifies these disasters, demanding urgent and resolute responses.
We must prioritize robust… https://t.co/nswEqpP2eC
— Ravi Karkara (@ravikarkara) September 29, 2023
„Движете се на повисоките места сега. Дејствувајте брзо за да го заштитите вашиот живот“, се вели во советот објавен на нејзината веб-страница на Националната метеоролошка служба. Екстремните врнежи ја натераа гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, да прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон.
Griekenland, Libië, Brazilië. Deze september vol met overstromingen sluit af met New York. Een warmere aarde is een nattere aarde. Maar word vooral boos op die paar #ExtinctionRebellion activisten die even een weg blokkeren… https://t.co/jtDqkx2iYD
— jose duindam 🌱🌎 (@joseduindam) September 29, 2023
„Ве молиме преземете чекори за да останете безбедни и не заборавајте никогаш да не се обидувате да патувате по поплавени патишта“, рече таа во пораката објавена на платформата Х (Твитер). Сликите и видеата покажуваат поплавени улици и метро низ Њујорк, што го запре утринскиот сообраќај.