(Видео) Проектил ја погоди главната телевизиска кула во Киев, има жртви


Главната телевизиска кула во Киев, главниот град на Украина, денеска беше погодена од проектил.

Според агенцијата Интерфакс, пет лица загинале, а пет се повредени во бомбардирањето на телевизиската кула во Киев.
Би-би-си пренесува изјави на украинските власти кои исто така зборуваат за петмина загинати.
На Твитер се појавија неколку снимки направени по бомбардирањето на ТВ кулата. Некои од нив, кои ги објавија и украинските власти, покажуваат мртви цивили на улиците.
Украинското МВР соопшти дека во нападот е оштетена операмата и дека „каналите нема да работат извесно време“.

Како што објави на Твитер „Киев пост“, постои голема веројатност Русија да се обиде да ја уништи комуникациската инфраструктура.