„Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија” на иста сцена в сабота во Скопје
Фестивалот “Scream” се враќа на голема врата в сабота во „Арена Борис Трајковски” во Скопје, со една од највозбудливите музички програми. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на највлијателните рок групи од регионот, вклучувајќи ги „Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија”.
„Прљаво казалиште”, со своето уникатно мешање на рок и панк звуците, ќе ги зајакне емоциите на присутните со своите незаборавни хитови. „Црвена јабука”, со својата препознатлива иконична музика, ќе ги разбуди страстите, а „Галија”, пак, ќе ја долови својата енергична и моќна изведба која секогаш остава силен впечаток.
Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.