Приведено лице за подметнување пожар во Прилепско
Утрово , околу 6.15 часот во Дабница, Прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на тоа место.
Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.
М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп.