Притвор и за братот на Навални
Судот во Москва му одреди притвор на Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, до 23 март поради кршење на санитарно-епидемиолошките мерки, пренесе ТАС.
Олег ќе биде во куќен притвор, како и соработникот на Навални, Олег Степанов.
Судот ги разгледува барањата на обвинителството за изрекување на истата мерка и за активистките Љубов Собол и Марија Аљохина како и на претседателката на Сојузот на лекари, Анастасија Василева.
Полицијата го приведе Олег Навални, Марија Аљохина, Анастасија Василева, Олег Степанов и Љубов Собол поради кршење на епидемиолошките мерки за време на неодобрените протести во Москва.
Кривична пријава е поднесена поради фактот дека неколку лица кои биле позитивни на корона вирусот присуствувале на собирот.
Рускиот истражен комитет покрена повеќе од 20 кривични случаи поради неодобрените протести во Рузија на 23 јануари.