Пристигнаа уште 12.870 дози од вакцината Фајзер


 

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината Фајзер .Филипче на Фејсбук објави дека станува збор за вакцини обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.

Заклучно со вчера  вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.