Принцот Алберт и Шарлин ја имаат најубавата божикна честитка


Фото: Б. Грданоски

Снимањето на божиќна честитка е посебен настан во семејството на принцот Алберт Втори од Монако и сопругата Шарлин. Убавата принцеза со својата префинета елеганција и дискретен избор на накит од година во година предизвикува воодушевување кај своите сограѓани и обожаватели ширум светот, но овој пат целото внимание го привлекоа деветгодишните близнаци Жак и Габриела. Малиот наследник одговараше на свечената облека на неговиот татко: момчето гордо носеше смокинг, помала копија на татко му, само Жак избра зелена (божиќна) пеперутка вратоврска наместо црвената на татко му.

Овој пат, принцезата Шарлин избра креација од кадифе во топла кафена боја која се прелива на наборите во нијанса на старо злато. Својата уникатна елеганција, која остава без зборови, ја истакна со дијамантски висечки обетки и соодветна нараквица.

Бидејќи Шарлин има на располагање трезор со накит на семејството Грималди (кое е основано во 1297 година од предокот на принцот, Франческо Грималди), таа би можела да ја комплетира годинешната комбинација на божиќна честитка со дијамантски ѓердан, но тоа би го прекршило правилото секогаш следи: помалку е повеќе, особено кога станува збор за скапоцени камења. Својата склоност кон модниот минимализам ја пренесе и на ќерката Габриела. Ќерката позира во темно виолетова свечена тоалета изработена од кадифе,  а единствената декорација е нејзината сјајна, светла коса и црните чевли на Мери Џејн посипани со „точки“ од штрас. Посебен семеен момент го овековечи фотографот Ерик Матон (и минатата година го сними божиќниот семеен портрет).

Боќикната честитка на принцот и принцезата од Велс, 2024
Божикната честитка на шпанското кралско семејство за 2024