Принцезата Шарлин на балот на Црвениот крст со затемнета коса и дијаманти


Монако – По тринеделното отсуство во кое го пропушти најгламурозниот Грен слем турнир Вимблдон, принцезата Шарлин се појави во јавноста. Таа го придружуваше својот сопруг, принцот Алберт од Монако, на традиционалниот 74-ти бал на Црвениот крст во кнежевството. Со нив беше внуката на принцот, инфлуенсерката Камил Готлиб, ќерка на принцезата Стефани, помладата сестра на Алберт.

Станува збор за хуманитарна гала вечера што ја започнал во 1948 година дедото на принцот Алберт, Луј II. од Монако. Истата година се одржаи  првиот бал на Црвениот крст, а денес е позната како една од најголемите хуманитарни гала вечери во светот.

Шарлин блескаше во бела, речиси аскетски едноставна креација затегната во половината. Бидејќи фустанот е исткаен со брилијантни детали, тој беше украсен само со обетки со дијаманти и голем сафир и прстен со син скапоцен камен на „Ван Клиф и Арпелс“.

Нејзиниот сопруг уживал да ја има сопругата со себе, бил насмеан, кога таа го фатила под мишка за време на фотографирањето. Со оглед на тоа што бојата на Црвениот крст е црвена, тој избрапеперутка вартоврска и бел смокинг со црвено марамче во реверот. Од друга страна, неговата внука Камил Готлиб го држеше под мишка во креација од лаванда.

Додека кружеа гласини за Алберт и Шарлин дека некое време се разведуваат, по напис во француски магазин интервенирал портпаролот на палатата и ги демантираше, пишува Дејли мејл. „Би сакал формално да ги побијам злонамерните гласини што ги шири списанието Ројоте. Ве молиме, игнорирајте ја оваа статија која е целосно неоснована“, изјави тој. Доаѓањето на кралската двојка на хуманитарниот бал дополнително ги демантираше гласините.